Протест во Охрид за поддршка на приведените за настаните од 27 април
Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ денеска на Градскиот плоштад во Охрид протестираа против, како што беше речено на собирот, ненародната власт во земјата и приведувањето на нивни членови, пратеници обвинети за настаните во Собранието на РМ на 27 април.
- Македонија е единствената држава во светот каде патриотите треба да одговараат за измислено дело тероризам. Хунтата на СДС погази Устав и закони, се гонат искрени патриоти, а утре ќе биде гонет и затврен секој што ќе се спротивстави на оваа ненародна и марионетска власт, порача претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.
Тој истовремено најави дека и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Колаицијата „За подобра Македонија“ во знак на поддршка за притворените „уставобранители“ од настаните на 27 април, ќе ја бојкотира работата на Советот на Општина Охрид се до конечно ослободување на приведените.
Инаку, ноќеска непознати сторители ги искршиле прозорците на влезот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, при што се обиделе да влезат и во останатите простории во објектот. Настанот бил пријавен во полиција, екипа на крим-техника извршила увид на лице место и се работи на расветлување на случајот.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
