Протест во Скопје, посебен сообраќаен режим на неколку улици во центарот
Со транспаренти „За народна власт“ и извикување „Македонија! Македонија!“ и „Никогаш Северна, само Македонија“ денеска од пред седиштето на Европската унија во Скопје започна протест, што беше најавен на социјалните мрежи како „Семакедонски народен собир“ против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство“.
Од пред седиштето на ЕУ, Страшко Олумчев – претседател на Македонска народна партија, порача дека ова е протест на македонскиот народ, незадоволен од 30-годишното работење на македонското Собрание.
– Нас ни ги спорат правото на самоидентификување и во тој случај, ние Македонците имаме право, од бога дадено, да си го браниме, да си го чуваме идентитетот и државата. Премногу жртви Македонија има дадено низ вековите, за да дозволиме корумпирани политичари под команда на Брисел и светската влада во сенка да не ништат и да не бришат, изјави Олумчев.
Протестот е планирано да заврши пред Собранието.
Поради протестот попладне од 15 часот во централното подрачје на Скопје е воспоставен посебен сообраќаен режим. Затворени за сообраќај до завршување се: ул. „Кирил и Методиј“, бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„11-ти Октомври“, ул.„Македонија“ и ул.„Даме Груев“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин“, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, бул.„Партизански Одреди“, ул.„Павел Шатев“, ул.„Антон Попов“ и други околни сообраќајници.
Ново на Сител
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта
-
Таткото на Вања денеска ќе сведочи во Кривичен