Протест за името на плоштадот Македонија
Мирен протест за одбрана на името се одржа денеска на плоштадот Македонија, во организација на глобалното движење „Ние сме Македонија“. Говорниците пред присутните порачаа дека прашањата за името, за идентитетот, за Уставот, за јазикот, се прашања за кои мора да се има став оти тие создаваат немир.
- Бараме да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до Генералното собрание на ОН, како единствена меѓународна истанца во која Република Македонија е рамноправна членка со сите држави кои ја признаваат под уставното име. Да се стави крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција на Генералното собрание на ОН со која на Република Македонија би и се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име, рече актерката Камка Тоциновски, која е поддржувач на движењето.
Учесниците на протестот повикаа на сплотување на нацијата и на создавање вистински национален консензус околу внатрешните приоритети и демократски вредности.
- Бараме организирање предвремени парламентарни избори на кои и на македонските граѓани од дијаспората ќе им биде овозможено да бидат претставени според принципот на пропорционалност, рече актерот Страшо Милошевски, кој прочита писмо упатено до власта и до опозицијата кое, рече, го потпишале двесте истакнати личности.
Во организација на македонските заедници во светот денеска се најавени мирни протести за одбрана на името на државата и идентитетот во Холандија, Шведска, САД, Австралија, Нов Зеланд и во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Закон наместо балансер
-
Почна дијалогот со Бугарија за изградба на пругата – Македонија не отстапува од заеднички проект со пониска цена
-
ЛДП на Зајкова се доближува до позициите на Мицкоски: Уставни измени со одложено дејство
-
Новинарски прирачник за обвинителите
-
По Струмица и Василево водата за пиење забранета и во 4 села во општина Босилово
-
Мемов: Пари за пензии ќе има, ќе предложиме низа мерки за намалување на дупката во Фондот
-
Државата ќе исплаќа надоместок за жртви од насилство
-
Преглед на вести од светот