Протест за смртта на Фросина
Граѓани, студенти, средношколци излегоа на протест по смртта на 22 годишната Фросина која беше прегазена на пешачки премин на булевар во Скопје. Од местото на несреќата, преку Собранието и Јавното обвинителство се до кривичниот суд.
Присутните велат излегле на улица незадоволни од неказнивоста на институциите..
Во 22 годишната Фросина со автомобил удри 20 годишник од Скопје кој не поседувал возачка дозвола. Но, тоа не му била прва незгода. Во 2022та, Васил предизвикал сообраќајка во која имало едно полесно повредено лице. Жената се откажала од кривичен прогон, па Јавното обвинителството го казнила возачот со сума од 300 евра.
Во меѓувреме, 20 годишникот повторно се запишал во документи на обвинителството. Бил гонет за поседување марихуана и кокаин. Поминал и три месеци во притвор, а во јули лани, судијката Даниела Алексовска Стојановска од кривичниот суд го казнила со упатување во воспитна установа. Му бил укинат и притворот. При одмерување на казната, судот сметал дека обвинетиот е млад, а потекнувал и од современо функционално семејство. Додека седел на обвинителната клупа, судот забележал дека момчето се служело со манипулации.
„Во текот на целата главна расправа тој покажа манипулативно однесување и негирање на материјалните докази, а манипулативно однесување имаше и кон вербалните докази“, пишува во пресудата изречена против обвинетиот Васил..
Од судот дополнуваат дека не можел да предвиди дека штотуку полнелетното лице по седум месеци ќе стори ново кривично дело. Сметаат дека не треба да се поврзуваат двата настани.
„Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после седум месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се инстутцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат“, велат од Кривичниот суд..
Со казната упатување во воспитно поправен дом не се согласувало Обвинителството, па се жалело до повисокиот суд. Од Скоспка Апелација велат дека предметот се уште се работи.
„Против Решението донесено од Основниот кривичен суд Скопје, со кое е укината мерката притвор за обвинетиот В.Ј и према истиот се определни мерки на претпазливост , не е изјавена жалба и истото решение не било предмет на оцена пред Апелациониот суд Скопје“.
Васил од вчера е во притвор бидејќи во средата вечерта смртно прегази 22 годишна девојка.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар