Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од пред седиштето на партијата го почна протестмиот марш, кој го организираат една година по приведувањето на лицата за собраниските инциденти од 27 април лани. Членовите на партијата предводени од раководството ќе го завршат протестот пред Владата на РМ за каде е најавено обраќање на лидерот Христијан Мицкоски.
По седницата на Извршниот комитет минатата недела партијата најави дека во наредниот период ќе организира протести со кои што, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, ќе се застане на патот на антинародната и криминална власт.
Претседателот на партијата Мицкоски изјави дека со денешниот протест ВМРО-ДПМНЕ ќе прогласи и ќе почне национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење на Зоран Заев, економското и националното разнебитување. Тој најави дека протестите ќе продолжат не само во главниот град, и во други градови низ Македонија.
Според него, 28 ноември има симболика за ВМРО-ДПМНЕ и за целокупното владеење на Заев.
-Тоа е денот кога беше направен упад во правниот систем на Македонија, кога вицепремиерот и министер за внатрешни Оливер Спасовски по налог на Заев, без да им биде симнат имунитетот на пратениците, со лисици на рацете правеше спектакли во јавноста и прогласи дел од тие луѓе за терористи и насилници. Денеска гледаме дека дел од тие се луѓе кои имале европски карактер. Ги поканувам сите граѓани кои сакаат да им застанат на патот на СДСМ и на Заев во ова национално разнебитување, економско разнебитување и разнебитување по која било основа и погрешно владеење, да ни се придружат, да застанат рамо до рамо со нас, да ја поченеме оваа напа сеопфатна и сеопшат револуција, рече Мицкоски.
Поради протестот, кој почна од плоштадот „ВМРО“, а ќе заврши пред зградата на Владата, е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје.
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
