Протести низ Австралија против примената на „тортура врз малолетници“

Повеќе илјади луѓе учествуваа денеска на протести во поголемите градови на Австралија, организирани против примената на „тортура“ врз малолетници кои се наоѓаат во малолетнички затвори или центри за превоспитување.
Демонстрантите во Сиднеј, Мелбурн и Бризбејн за време на протестните маршеви низ овие градови фрлале солзавец.
Повод за денешните демонстрации е репортерскиот извештај на австралиската АБЦ телевизија за состојбата во малолетничкит затвор во Северната територија.
Репортажата откри дека во затворт врз децата-затвореници била применувана тортура, на тој начин што малолетниците биле соблекувани голи и врзувани со лисици за столица, а во таква положба биле држени по неколку часови, откако на главата им била ставана покривка што целосно им го сокривало лицето.
Репортерите открија дека против малолетници на возраст меѓу 13 и 14 години бил користен и гас-солзавец, како и дека децата биле оставани во самици.
Извештајот на телевизијата АБЦ ја шокираше австралиската јавност, па премиерот Малкол Тарнбул побара испитување на целиот случај.
Премиерот, сепак, одби да се организира јавна истрага за тортурата врз малолетниците во Северната територија.
Медиумите во Сиднеј јавуваат дека шестмината малолетници кои биле изложени на тортура од страна на нивните „воспитувачи“ ќе бараат отштета од австралиската држава.
Домородското население во Австралија претставува само три отсто од вкупното население во земјата, но австралискиот Институт за здравство и социјала тврди дека за 26 отсто е поголема веројатноста малолетници од редовите на домородците да бидат ставени во малолетнички затвор, во споредба со младите од другите заедници во Австралија.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
