Протести против американскиот амбасадор во Бангкок

Неколку стотици припадници на ројалистичкото движење во Тајланд, предводени од популарниот будистичкиот првенец Исара, од петокот демонстрираат против мешањето на американскиопт амбасадор Глин Дејвис во внатрешните работи на Тајланд.
Амбасадорот Дејвис во изјава за локалните медиуми изрази загриженост поради апсењето цивили осомничени и обвинети за навреди на кралското семејство и монархијата.
Дејвис ја наследи амбасадорката Кристи Кени, која беше повлечена во Вашингтон веднаш по воениот удар во Тајланд во мај минатата година. Процедурата за именување на нов американски амбасадор траеше прилично долго, од април до септември годинава.
Изјавата на амбасадорот Дејвис ја коментираше и актуелниот тајландски премиер, генералот Прајут Кан-ока, кој истакна дека кралското семејство во Тајланд нема легална можност да поднесува тужби за навреди и дека посебниот закон за заштита на угледот на кралот и семејството служи за чување на достоинството на вековното Сијамско кралство.
САД, Австралија и државите од ЕУ ја замрзнаа соработката со Тајланд на политички и воен план по државниот удар.
Пред сегашниот американски, мета на критики беше и амбасадорот на Велика Британија во Бангкок, кој на социјалните мрежи ја критикуваше политиката на сегашната воена управа во Тајланд.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
