Протести во Бугарија поради убиството на новинарката Маринова

Стотици граѓани синоќа протестираа во повеќе градови во Бугарија поради бруталното убиството на новинарката Викторија Маринова во градот Русе.
Протестантите носеа транспаренти со написи: „Ако нема правда, нема мир“, „Митото убива“...
Бугарскиот државен обвинител Сотир Кацаров вчера изјави дека властите немаат нови индиции за мотивите за силување и убиство на Маринова, предупредувајќи дека во оваа фаза од истрагата е потребна претпазливост.
Според него, властите ги следат сите нивоа на истрага за нејзиното убиство.
- Во оваа фаза мора да бидеме внимателни, не затоа што немаме што да кажеме, туку затоа што секој непрецизно изговорен збор може да ја загрози нашата работа, рече Кацаров.
Тој додаде дека „едно е сигурно - нападот беше екстремно брутален и исклучително монструозен“.
Бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова (30) во саботата беше брутално претепана, силувана и задавена во Русе, северна Бугарија, а нејзиното тело беше пронајдено во паркот во близина на реката Дунав.
Маринова беше новинар и уредник на бугарската телевизија ТВН и известуваше за истрага за наводна корупција поврзана со фондовите на ЕУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
