Свет
13. March 2022 - 20:42

Протести во Германија против руската инвазија врз Украина

Десетици илјади луѓе денеска протестираа неколку германски градови против руската инвазија врз Украина, соопштија полицијата и организаторите.

Во Берлин демонстрантите во близина на Бранденбуршката порта истакнаа транспаренти во боите на украинското знаме и натписи: „Стоп Путин“ и „Стоп за војната“.

Во Франкфурт, според полицијата, околу 11.000 луѓе изразиле солидарност со Украинците. Протестите поминаа мирно и без инциденти. Демонстрантите вееја украински и европски знамиња и пееја „Стоп за војната“.

Протести се одржаа во Штутгарт, во Лајпциг и во Хамбург. Протестите беа организирани од сојуз на повеќе од 40 организации за човекови права, синдикати и христијански здруженија.

Според организаторите, околу 125.000 луѓе се мобилизирани низ целата земја, но денеска во Берлин имаше помалку луѓе од пред две недели.