Протести во Шпанија поради новата левичарска Влада

Додека новата лева коалициска Влада предводена од премиерот Педро Санчез влегува во Кабинетот, десетици илјади Шпанци синоќа излегоа на улици стравувајќи од евентуалното „распаѓање“ на Шпанија.
Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и помалата левоориентирана Унидас Подемос синоќа му ги преставија на кралот Фелипе Шести своите министри откако добија тесно мнозинство во Парламентот минатата недела. За таа Влада гласаа 167 пратеници и 165 беа против неа, претежно од десницата.
Санчез, кој е на власт од јуни 2018 година, доби нов мандат откако 18 пратеници за независност на провинциите Каталонија и Баскија, беа воздржани. Тие не гласаа затоа што Санчез им вети разговори за иднината на Каталонија, провинција со население од 7,5 милиони луѓе.
Десетици илјади Шпанци излегоа вчера во координиран протест против Владата во која првпат се Унидас Подемос, единствената голема партија за поддршка на референдумот за независност на Каталонија.
Премиерот Санчез со Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), најголемата партија за независност на Каталонија, договори преговори. ЕРЦ најави дека ќе разговара за се, вклучително и „самоодредување“.
Демонстрантите најавуваат нови собири „за обединета Шпанија“.
Шпанија минатата недела ја доби својата прва коалициска влада по 80 години, а новите министри денеска ќе ги заземат своите места.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
