Протести во Шпанија против спогодбата меѓу ЕУ и Турција за мигрантите
Околу 5.000 лица синоќа се собраа на протест во центарот на Мадрид против спогодбата меѓу Европската унија и Турција за ограничување на приливот на мигранти, пренесе ТАСС.
„ЕУ е нечовечна кон бегалците“, пишуваше на еден транспарент што учесниците на протестот го кренаа на плоштадот „Пуерта дел Сол“ во шпанската престолнина. Тие скандираа пароли за поддршка на мигрантите.
Слични митинзи се одржаа во уште околу 50 шпански града, меѓу кои Барселона и Валенсија.
Шефовите на држави или Влади од ЕУ се собираат денеска во Брисел за да ја разгледаат предлог спогодбата со Турција. Утре нив ќе им се приклучи и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Шпанскиот весник „Мундо“, цитиран од ТАСС, пишува дека на средбата на врвот на ЕУ шпанскиот в.д премиер Маријано Рахој ќе се изјасни против колективното враќање на мигрантите во Турција, бидејќи тоа е во спротивност со меѓународното право.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат