Протести во Зимбабве: 80 демонстранти приведени, седуммина повредени
Седум лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, а 80 се приведени за време на антивладините протести во главниот град на Зимбабве, Хараре.
Полицијата употреби солзавец и со палки ги удираше демонстрантите за да го задуши протестот, пренесува Танјуг. Една жена изгубила свест откако била претепана од полицијата.
До насилството дојде кога неколку стотици демонстранти се собраа на Плоштадот на африканското единство во центарот на главниот град, и покрај забраната за одржување демонстрации, поддржана од Високиот суд.
Организациите за заштита на човекови права ја критикуваа полицијата, тврдејќи дека употребила прекумерна сила, што полицијата негираше.
Организаторите на протестите велат дека сакале на мирен протест да извршат притисок врз претседателот Емерсон Мнангагва за да воспостави преодна влада која ќе ги реши економските проблеми и ќе организира кредибилни избори.
Ново на Сител
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
-
Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
-
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-
Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани
-
Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани