Протестираа жителите на Порој поради несанираните поседици од поплавите
Со предупредувачка блокада од половина час на регионалниот пат Тетово - Јажинце кај мостот под селото, жителите на Порој го изразија својот револт од се уште несанираните поседиците од поплавите за што, според нив, се одговорни централната и локалната власт.
Според претседателот на месната заедница Сулејман Рамадани, моменталната состојба е многу поопасна отколку пред поплавите бидејќи во горниот тек од Поројска река има големи камења и наноси од земја така што при секој поголем дожд тоа може да ги загрози жителите на Порој и соседното село Џепчиште.
- Ако се случи такво нешто како што беше поплавата во јуни, нема да има само материјални штети, туку ќе има и човечки жртви. Иако претставници од локалната и централната власт и пред медиумите ветија дека ќе преземат мерки за чистење на користото од реката и долготрајни мерки за спречување можни поплави во иднина, коритото освен нешто малку околу мостот од регионалниот пат Тетово - Јажинце не е исчистено, а да не зборуваме за долготрајни мерки, изјави Рамадани.
Според него, и исплатата на оштетените земјоделски површини не е почната. - Не бараме милост, туку надлежните да ги завршат работите што ги ветија, потенцира Рамадани.
Жителот на Порој Садри Беадини кој е поранешен претседател на месната заедница посочи дека револтот доаѓа бидејќи властите не презеле мерки за санирање на последиците не само на поплавите од оваа, туку и од минатите години.
Ако локалната и централната власт не преземат соодветни мерки, жителите на Порој, како што најавија, ќе продолжат со изразување незадоволство.
За време на протестот, полициски службеници на СВР Тетово презедоа мерки и активности за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот преку нивно непосредно присуство на и околу местото на блокадата и со пренасочување.
Иако беше најавено дека блокадата ќе трае 30 минути, од 14 часот до 14 часот и 30 минути, жителите на Порој ја ослободија сообраќајницата по околу 20 минути.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите