Против „јазлеста кожа“ вакцинирани 160.000 говеда
Околу 160.000 говеда или приближно 60 отсто од вкупниот број грла, 250.000, се вакцинирани досега против „јазлеста кожа“, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски по посетата на Штип.
Процесот се одвива успешно и без никакви проблеми на теренот, а треба да заврши до крајот на месецов.
- Болеста стагнира, односно се стопира со вакцинацијата која досега опфати околу 155.000 до 160.000 грла или 60 отсто од вкупната популација говеда. До крајот на овој месец треба да се изврши целосна вакцинација на сите грла на добиток, рече Поповски.
Според него, некои сточари, поради бизнис интереси или под влијание на членови на опозицијата, не ги даваа своите говеда заразени со „јазлеста кожа“, поради што болеста се рашири низ источниот и северниот дел на земјата.
- Луѓето не ги даваа на време животните па болеста, наместо да се стопира, се прошири скоро кај сите. Има примери каде луѓето не ги пријавуваа заболените животни на време плашејќи се дека ќе бидат одземени, беа манипулирани, навремено не ги пријавија. Во тој момент ќе одземевме само едно или две грла за разлика од сега, кога треба да ги одземеме сите 30 или 40 од едно стадо. Тоа е голема штета што им е направена на одредени сточари, а не ги послушаа нашите препораки за навремено да реагираме со цел да ги заштитат останатите животни, истакна Поповски.
Директорот на АХВ потенцира дека досега се одземени и нештетно отсранети околу 2.100 говеда. Оваа бројка, додаде, може да биде поголема иако болеста стагнира, токму поради нејзиното ненавремено пријавување.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината