Македонија
28. јуни 2017 - 14:04

Прскање против комарци во Ресен

Екипи на Центарот за јавно здравје – Битола вечер од 20 часот ќе вршат теристичка дезинсекција против комарци на територијата на општина Ресен.

Дезинсекцијата, како што соопшти Центарот за јавно здравје, ќе се врши со апарати за УРЛ ладно запрашување поставени на пикап-возило со претходница од друго возило со ротациско светло.

- Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето со посебен осврт на туристичките локалитети Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и селата Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари..., течението на реките Брајничка, Кранска, Голема Река и колекторскиот систем во Езерани, локалитетите со застојани води, каналниот систем и сите урбани населби предвидени со програмата, информира Цетарот.

Пчеларите и пчеларските здруженија, како што е наведено, да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.

Во рамки на првата фаза од теристичката дезинсекција прскање од земја против комарци на територијата на општина Ресен се спроведуваше и синоќа.