Прскање против комарци во Штип
Општина Штип утре ќе спроведе ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите на комарците.
Портпаролот на општината Драган Ристов информира дека третирањето ќе се изврши во периодот од 10 до 15 часот.
- Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застоените води во урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип. Третирањето ќе се одвива со препаратот „биопрен“, изјави Ристов.
Во случај на неповолни временски услови, односно појава на ветер или дожд, дезинсекцијата ќе се одложи за следниот ден.
Според Софче Трајкова од Општина Штип, прскањето против комарци треба да се прави во текот на следните пет месеци, а дератизацијата против глувци се прави двапати годишно, односно во текот на пролетните месеци и есента кога се најактивни глодарите.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!