Прскање против комарци во Скопје во петок

Во петок од 5 до 10 часот наутро во Скопје ќе се изврши втора авионска дезинсекција против ларви од комарци.
- Вториот наврат на аеросолната авионска дезинсекција годинава на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци ќе се реализира на во петок во период од 5 до 10 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.
Во него се додава дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Од градот Скопје апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
