Прв состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово

Во Брисел денеска се одржа првиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Европската унија и Косово, кој според Унијата означува нова важна етапа во односите меѓу ЕУ и Приштина.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел. Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави стапувањето во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Еворпската унија и Косово на 1 април 2016 година, при што се истакна дека тој е во сржта на односите меѓу Унијата и Приштина.
- Овој договор нуди договорна рамка со која ЕУ и Косово ќе ја интензивираат соработката и ќе направат преглед на случувањата во нивните односи. Двете страни, исто така, го поздравија на денешното потпишувањето на рамковниот договор за учеството на Косово во програмите на ЕУ, што ќе отвори нови можности за населението на Косово, од истражување до размена на студенти, се вели во соопштението од денешниот Совет.
За време на средбата дискусијата се задржала на последните клучните случувања во врска со исполнувањето на политичките критериуми, како и за актуелната состојба во однос на економските критериуми, финансиската соработка и имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Косово.
Исто така, Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави лансирањето европската реформска агенда на Приштина, која ќе игра важна улога во насочувањето на напорите за реформи на Косово, во области како што се владеењето на правото, конкурентноста и инвестициската клима, како и за вработување и образование.
Ова се очекува да му помогне на Косово во неговата имплементација на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
На денешниот Совет, според соопштението, се разговарало и за приоритетните реформи во областите на владеењето на правото и судските реформи, почитувањето на човековите права, реформа на јавната администрација, како и економски реформи.
Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави и значајниот напредок на Косово во исполнувањето на условите од патоказот за визна либерализација, при што ЕУ ја повикува Приштина да ја интензивира работата на ратификација на договорот за границата со Црна Гора и да продолжи со зајакнување на борбата против организираниот криминал и корупцијата.
На средбата е нагласена и важноста од напредокот во дијалогот со посредство на ЕУ меѓу Приштина и Белград и спроведувањето на сите веќе постигнати договори без одлагање.
Со состанокот претседаваше високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини, а во име на Европската унија присуствуваа и еврокомесарот Јоханес Хан, како претставник на Европската комисија. Делегацијата на Косово, пак, беше предводена од премиерот Иса Мустафа.
Инкау, ЕУ се уште не го одржа Советот за стабилизација и асоцијација со Македонија, што е преседан и досега се нема случено со една земја-кандидат и потенцијален кандидат за членство во Унијата. Наводно, официјален Брисел ќе чека да завршат предвремените парламентарни избори во Македонија, закажани за 11 декември, по кои ќе се обиде во преостанатите 15-тина работни денови до крајот на годината, сепак, да се одржи Советот со Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
