Фудбал
30. November 2016 - 15:43

Прва МФЛ: Дербито за Вардар

Дербито од 17. коло во Првата МФЛ во Битола заврши со победа на Вардар од 1-0. Стрелец на единствениот гол за гостите беше Фелипе во 10-тата минута. 

Средбата беше во 25 минутен прекин откако со предмет беше удрен помошниот судија Дејан Костадинов. 
Откако беше отстранет дел од навивачите Александар Ставрев го продолжи мечот. 
17. коло 
Пелистер - Вардар 0-1
Силекс - Шкупи 1-0
Ренова - Шкендија 1-2
Работнички - Победа 3-1
Македонија ЃП- Брегалница 2-1
 
Вардар со оваа победа ја обезбеди есенската титула со 40 бода пред Шкендија со 34, Пелистер 29, Работнички 27, Силекс 23, Ренова 20, Шкупи 16, Победа 15, Македонија ЃП 12 и Брегалница 10.