Прва средба Муцунски-Герапетритис во Њујорк
Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска во Њујорк ќе има прва средба со неговиот колега од Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на Генералното собрание на ОН.
„На средбата ќе се разговара за најактуелни регионални и меѓународни теми, како и за понатамошно продлабочување на билатералните односи и економската соработка помеѓу двете земји“, кусо соопшти македонското МНР
Без многу детали средбата ја потврдија и од грчкото МНР. Оттаму највија дека Герапетритис денеска ќе учествува на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан", во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, а потоа и на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, на чиј дневен ред се случувањата на Блискиот Исток и Украина.
Ова ќе биде прва средба меѓу шефовите на дипломатиите на двете држави, по грчките реакции и пораки до македонското раководство за почитување на меѓународните договори, односно на Договорот од Преспа, во однос на именувањето на државата.
Од МНР информираат дека Муцунски во Њујорк ќе има бројни средни но засега нема информации дали ќе се сретне и со бураскиот колега Иван Кондов откако ваква средба пред 10тина дена беше одбиена во Софија, но и по бројните рекации во македонија и во Бугарија поради неистакнувањето на македонското знаме на средбата Радев Силјановска
Шефот на македонската дипломатија веќе се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог и порача дека кога се соочуваме со многу воени конфликти низ светот неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.
„Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.
Македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН во Њујорк, ја предводи претседателката Силјановска но засега без детали дали се планирани поединечни средби
Сиљановска вчера во обраќањето на Самитот на иднината во ОН, побара да се стави крај на непочитувањето, заобиколувањето и на селективната примена на повелбата на ОН, како во македонскиот случај. Порача дека храбрите потфати не се можни без длабоки реформи во Организацијата на обединетите нации, кои мора да се бараат со осмислена и решителна акција.
„Потребен е и зајакнат мултилатерализам во одлучувањето, развиен механизам на спреги и кочници во односите меѓу генералниот секретар, Советот на безбедност и Генералното Собрание, поголема инклузивност и транспарентност на процесот на одлучување, како и решителност и ефикаснот во справувањето со енермните закани за мирот, одрливиот развој и човековите права“, рече Сиљановска.
Според неа, потребни се структурни, функционални, меритократски и демократски реформи, а треба да се зајакне и улогата на Генералното собрание, како претставничко тело на нациите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар