Првата жена ќе отпатува на Месечината до 2024 година

Претставникот на Американската вселенска организација (НАСА) Џим Брајденстин најави дека до 2024 година ќе биде испратена првата жена на Месечината во знак на славење на женското лидерство.
Брајденстин учествувајќи на настан посветен на жените, организиран од НАСА, посочи дека неговата ќерка била главен мотив во неговата амбиција во блиска иднина жена да се испрати на Месечината.
– Имам 11-годишна ќерка и сакам таа да ги има сите можности што ги имав јас додека растев – посочи Брајденстин.
Во моментот во НАСА има само 12 жени активни астронаути, што е помалку од една третина астронаути во вселенската организација.
Брајденстин проценува дека проектот наречен Артемис, според грчката божица на Месечината, ќе чини од 20 до 30 милијарди долари.
Мисијата првично беше планирана за 2028 година, но е предвидена за порано со цел да се минимализира ризикот од промена на политичките приоритети поврзани со вселенските патувања.
– Еден од предизвиците со кои сме се сретнувале во историјата е политичкиот ризик – истакна Брајденстин.
Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за таа иницијатива се уште не е познат. Тој во јуни апелираше до НАСА да се насочи на „многу поголеми“ мисии од испраќањето на жена на Месечината, како што е патувањето на Марс.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
-

3 Мај – Без слободни медиуми нема демократија
-

Зголемен број на прегледи во дежурниот педијатриски пункт во Поликлиниката „Бит пазар”
-

Од конфликтот на Блискиот Исток до македонските пумпи: Колку поскапеа горивата?
-

Заштеди и до 50% при транспортот очекува прилепското стопанство ако се воведе железничкиот карго сообраќај
