Македонија
29. December 2023 - 12:20

Први јануари неработен за сите граѓани

Први јануари 2024 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Први јануари е неработен согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07).

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ја честита Новата година.