Македонија
7. May 2021 - 10:50

Првиот ден на Рамазан Бајрам, 13 мај, неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.