-->
-->
Првите 7 симптоми за рак! Ако почувствувате некој од нив, веднаш одете на лекар
-->
Ракот е доста подмолен и во многу случаи останува незабележан. Според некои експерти, сепак тоа не е сосема така и всушност телото се обидува да ни помогне за проблемот, но ние не го слушаме.Еве и кои можат да се тие:
Замор и слабост
Заморот и исцрпеноста се познати на секој и обично е нормално да ги почувствувате на крајот на денот, по напорен и исцрпувачки работен ден. Но, ако забележите дека тоа чувство го имате во секое време од денот и немате објаснување за него, зборувајте со вашиот лекар.
Кожни промени
Ако кожата започне да добива жолтеникава, кафеава или др. боја, без за тоа да има логично објаснување, дефинитивно во телото се случуваат некакви невообичаени процеси. Измените на кожата обично се поврзуваат со рак на кожата или со некои туморни формирања присутни во вашето тело.
Невообичаена промена во тежината
Како необјаснетото губење на тежината, така и наглото покачување на телесна маса треба да ве натера да си направите испитување. Имајте на ум дека драстичното намалување на тежината може да биде знак за рак на црниот дроб. Зголемувањето на килограми, од своја страна, се поврзува со рак на јајниците кај дамите.
Промена во гласот и тешкотии при дишење
Да, овие два симптоми може да укажуваат на рак на белите дробови. Не е исклучено, исто така, измените на глас или загубата да е индикација за рак на грлото.
Промени кај брадавиците
Се смета дека кога кај брадавиците започне да се приметува црвенило, постои некаков проблем. Во таков случај дамите треба да одат на преглед најбрзо што можат, бидејќи може да се работи за рак на дојка.
Болка во пределот на грбот
Лекарите предупредуваат дека во некои случаи, за жал, станува збор токму за рак на дојка.
Промена на бојата и конзистенцијата на столицата
Ако забележите дека имате проблеми со столицата и често таа е обоена од крв, побарајте помош од лекар. Проблемот мора да биде дијагностициран, бидејќи може да сугерира за рак на дебелото црево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски: Војната во Иран може да го отежне снабдувањето на Украина со ракети
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
-

Цените на нафтата дополнително растат додека Иран блокира витална поморска рута
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
