Прво издание на театарскиот фестивал „АКТФЕСТ“
Со претставата „Чекална“ во изведба на актерите од театарот „Миѓени" од Скадар, синоќа во Македонскиот народен театар започна 1-то издание на театарскиот фестивал посветен на актерите кои творат на албански јазик, „АКТФЕСТ“.
Фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура Хусни Исмаили кој истакна дека станува збор за проект во чии рамки публиката ќе може да проследи одлични театарски претстави на тетрите од земјава и од регионот.
„Министерството за култура, препознавајќи го значењето на фестивалот кој од денеска го збогати културниот простор во нашата земја, ја дава својата поддршка за негова реализација. Министерството за култура и во иднина ќе ја дава својата поддршка за сите проекти кои ја унапредуваат театарската дејност и соработката со театарите од регионот, со што ќе се придонесе за подобро меѓусебно запознавање и размена на искуства“, рече министерот Исмаили.
Театарскиот фестивал „АКТФЕСТ“ во организација на „Тајм лаб Продакшн“, се одвива на сцените на Македонскиот народен театар и Театар Комедија, а во рамките на петте фестивалски вечери ќе бидат одиграни шест претстави од театарски куќи од Албанија, Косово и од Македонија.
Ново на Сител
-
Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
-
АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски
-
СДСМ оди на избори на 16 март
-
За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег
-
Мисајловски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО во Брисел
-
На ГП Богородица запленети 188 килограми марихуанa, приведени две лица