Прво прскање против комарци во Скопје годинава

Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира денеска во Скопје, а утре ќе се спроведе терестричната дезинсекција (земјена).
Град Скопје информира дека првата аеросолна дезинсекција (авионска) за годинава ќе се одвива од 6 до 12 часот. Ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
Земјената дезинсекција, прва за годинава, ќе се реализира од 9 до 17 часот. Ќе ги опфатени сите стоечки водени површини во Скопје (канали, езерата во Градскиот парк, езерото Треска и по течението на реката Вардар).
Град Скопје информира дека доколку временските услови не дозволат, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, во истиот термин. Согласно на тоа ќе се извршува и соодветната земјена дезинсекција.
Градските власти апелираат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
