Првото дигитализирано училиште во Штип е ООУ„Гоце Делчев“
Штипското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ е првото дигитализирано училиште во Општина Штип. Директорот, Трајче Димов на денешнта прес-конференција истакна дека во изминатата година со помош на општината и од заштеда на училиштето реализирани се повеќе проекти, со цел подобри услови за едукација на учениците. Во ова училиште инвестирани се дополнителни 2.200.000 денари.
-Морам да се пофалам со она што го има и што е поразлично ова училиште од останатите е дека е дигитализирано, односно секоја училница во училиштето е опремена со ЛЦД проектор, компјутер, со бела табла, што воедно служи и како платно за проектирање. На тој начин сакаме на учениците на најпрактичен начин да им ги прикажеме знаењата, кои треба да ги добијат во текот на една учебна година, вели Димов.
Тој забележа дека веќе се распишани и тендерски постапки за поставување видео надзор и за изработка на шкафчиња за учениците од повисоките одделенија, кои имаат кабинетска настава, а од оваа година почна да функционира и бесплатниот целодневен престој за учениците од прво до петто одделение.
-Со тоа што нивниот престој овде е бесплатен, единствен трошок што го имаат родителите е подмирувањето на трошокот за храната. Најголем проблем е уписната политика, но нема да застанеме овде. Јас се надевам дека овде во прилог ќе ни дојдат и законските измени во основното обраозвание, кадешто педагошкиот максимум на ученици ќе биде некаде до 25 ученици, вели Димов.
Во училиштето се инсталира и електронска огласна табла, од којашто родителите и учениците ќе се запознаат со работата на училиштето, потоа извештаите за работа, а ќе има информации и за распоредот на часовите.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми

