-->
-->
Првпат проговори без влакна на јазикот – Доналд Трамп за операциите на Меланија
-->
Многу пред да биде потврдено дека првата дама на Америка, Меланија Трамп била на операција на бениген тумор на бубрегот, медиумите нагаѓаа зошто таа не се појавуваше некое време во јавност. Се наведуваше дека се подвргнала на пластична операција, а сега целата работа ја искоментира нејзиниот сопруг Доналд Трамп.-Таа е добро – започнал Трамп, а потоа додал: Но медиумите имаа разни верзии на приказна околу нејзината состојба. Зборуваа дека се подложила на пластична операција на лицето. Не, не е. Би ви кажал ако го направила тоа. Тоа не би можело долго да се крие – рекол Трамп.
Отворениот претсдетател Трамп се осврнал и на лажните вести и теми со кои медиумите го бомбардираат неговото семејство, а посебно сопругата Меланија.
-Пишуваа дека сопругата ме напуштила, дека од Белата куќа се вратила во Њујорк. Единствената работа која не ја кажаа, а која е вистина е дека Меланија својот приватен живот сака да го чува подалеку од јавноста и медиумите-заклучил Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
