Психолозите ви откриваат: Прочитајте ги луѓето за само 7 секунди!

Психолозите ви ги откриваат триковите со кои ќе можете да ги прочитате луѓето за кратко време, односно за само 7 секунди.
Книгите не треба да се судат според кориците, но науката покажала дека ние го правиме токму тоа. Луѓето се склони уште во првите седум секунди по запознавањето да создадат слика за личноста. И иако понекогаш таа слика е погрешна, ние сепак се држиме за неа прилично долг период.
Какви заклучоци донесуваме за толку кратко време?
Доверливост
Потребна ни е само десетинка од секунда за да процениме дали можеме да веруваме некому. Истражувањето е спроведено помеѓу студенти: една група имала 100 милисекунди за да оцени привлечност, агресивност, симпатичност, доверливост и уште неколку карактеристики и се тоа од гледање на лицето на познати актери, додека пак другата група не била временски ограничена. Размислувајќи за карактеристиките, на некои им било потребно повеќе, а на некои помалку време, освен кога во прашање била доверливоста – и двете групи го процениле тоа во ист временски период.
Финансиската состојба
Вашата облека може да го открие вашиот статус. Истражувачите откриле дека луѓето кои носат брендирана облека се перцепирани како помоќни и побогати луѓе.
Сексуална ориентација
Дали сте знаеле дека е потребна само една секунда за да процениме каква е сексуална ориентација на луѓето?
Интелигенција
Дали некој ќе ве доживее како интелигентна личност зависи и од вашиот начин на комуникација, односно одржувањето на контакт со очи за време на разговорот. Контактот со очи додека зборувате со некого е многу важен. Оддава впечаток на интелигентна личност, а најспособните меѓу нас знаат тоа да го искористат и да го претворат во предност.
Склоност кон промискуитет
Едно истражување покажало дека Британците поинаку ги доживуваат жените со тетоважи, односно ги сметаат за помалку привлечни и попромискуитетни од жените кои немаат тетоважи. Очигледно некои предрасуди никогаш не стареат.
Доминантност
Иако многу мажи очајуваат кога косата ќе почне да им опаѓа, истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија покажало дека немаат причина за очајување, бидејќи мажите без коса се окарактеризирани како подоминантни од оние кои имаат коса.
Авантуристички дух
Изгледот не е единственото нешто коешто им го привлекува вниманието на луѓето, некои впечатоци се создаваат како резултат на начинот на кој се движите. Луѓето кои одат поопуштено ги доживуваме како луѓе кои сакаат авантури.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
-

Сопственикот на објектот каде беше „Пулс“ бара ослободување поради сепса и бактерија, судијката го предупреди со притвор
-

Почина д-р Ванчо Андреевски, истакнат невропсихијатар
-

Газда Дeко се жалел на чести претреси и барал смена на душек, не на нечовечко однесување - велат од затворот во Куманово
-

Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година
