Пучдемон: Каталонија веќе победи во битката за суверенитетот
Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон го заврши предизборнииот митинг со зборовите дека утрешниот референдум ќе им обезбеди на граѓаните од овој шпански регион „право да бидат слушати и признати на глобално ниво."
Тој на поддржувачите на референдумот во Барселона им рече дека гласањето значи оти Каталонците ќе продолжат понатаму со „суверенитетот и достоинството кои се обидоа да ни ги земат".
Според него, Каталонците веќе ја победиле авторитарната влада која не сакала да дојде до оваа точка.
- Ние веќе победивме, ги надминавме стравот, лагите и заканите, го надминавме притисокот на државата, која не сакаше да стигнеме толку далеку, рече Пучдемон.
Каталонската владејачка коалиција вети дека ќе прогласи независност во рок од 48 часа ако на гласањето победи одговорот „да".
Шпанскиот Уставен суд нареди откажување на референдумот.
Регионалната полиција на Каталонија доби наредба да ги затвори гласачките места утре до шест часот наутро, со цел да се спречи одржувањето на планираниот референдум за независност од Шпанија.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа
-
Аргентина ќе забрани операција за промена на полот и хормонска терапија за деца
-
Според извори на Ен-Би-Си, американската војска планира да ги повлече силите од Сирија
-
ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп
-
Мајк Џејмс стана првиот член на „клубот 5.000“ на Евролигата
-
УЕФА ја казни Рома и делумно го затвори стадионот Олимпико
-
Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродови лица да учествуваат во женски спортови
-
Панама негира дека ги прилагодува таксите за премин низ Каналот за американски бродови