Пукање во угостителски објект во Тирана, убиено едно а повредени пет лица, меѓу нив и десетгодишно девојче
Една жена е убиена, а шест лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, се повредени во синоќешната престрелка, што околу 22 часот, се случи во угостителски објект во Тирана, сопственост на Фатјон Мурати, познато име во светот на криминалот, јавија албанските медуми.
Убиената жена на возраст од 60 години, била вработена во ресторанот како шанкер, девојчето кое се здобило со повреди на раката од скршеното стакло од престрелката, е нејзина внука, која ја чекала баба си да и заврши работното време, а останатите повредени се на возраст од 42 до 55 години и се хоспитализирани.
Возило „БМВ“, во кое биле напаѓачите било пронајдено целосно изгорено во село Ликметај, додека полициските сили сеуште трагаат по нив. Исто така, поставени се и контролни пунктови од полицски комесаријати на Драч, Елбасан, Лежа и Пешкопеја.
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес