Путин: Договор со Анкара е невозможен
Рускиот претседател Владимир Путин, на годишната прес-конференција пред 1.392 новинари, на прашањето за руско-турските односи, рече дека договор со Анкара е речиси невозможен.
- Уништувањето на односите на Турција и Русија нема да донесе ништо добро на двете држави. Сега во Сирија имате НАТО коалиција и руска коалиција, па дали е толку тешко да се уништи ИД? Онака како што Турција постапи со уривање на нашиот бомбардер е чисто насилство, луѓето загинаа. Меѓутоа, наместо веднаш да се обрати до нас, отидоа во НАТО да бараат заштита, рече Путин.
- Потрчаа во Брисел: „Напомош. Нас не навредуваат!“ Кој ве навредува? Кого ние го чепнавме? Почнаа да се кријат зад НАТО, но дали на НАТО тоа му е потребно? Се утврди дека не е. Не сум сигурен дека е можно да се воспостави договор, тоа е речиси невозможно. Турција не ги постигна своите цели, но ја заостри ситуацијата, рече Путин.
Рускиот лидер нагласи и дека ракетниот систем С-400 донел сигурност на руските авиони.
- Ајде да ги видиме сега таму а летаат (турските авион), рече Путин.
Тој додаде и оти не е сигурен дали зад се постои некој таен план и интерес на западните сили.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка