Путин ги повика граѓаните да ги поддржат уставните измени, кои ќе му овозможат уште два мандати
Рускиот претседател Владимир Путин ги повика граѓаните да гласаат на утрешниот референдум за измени во Уставот, што, меѓу другото, ќе му овозможи на Путин повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, и евентуално да остане на власт уште два мандати од по шест години.
Гласањето почна на 25 јуни поради епидемијата на коронавирусот корона, но 1 јули е прогласен за главен ден за гласање.
Уставните измени, меѓу другото, предвидуваат воведување на сфаќањето на бракот како заедница на маж и жена, како и воведување на „вера во Бог“.
– Ве молам, драги другари, кажете го својот збор. Гласот на секој од вас е најважен, рече Путин во обраќањето пред граѓаните.
Тој рече дека продолженото гласање во Русија, каде дневниот раст на заразените со коронавирусот е околу 7.000, е неопходно заради здравјето на Русите.
– Токму на нашата одговорност, на нашите искрени патриотски чувства, грижа за татковината, лежи суверенитетот на Русија, како и на почитувањето на својата историја, култура, мајчин јазик, традиции, сеќавања за наши достигнувања и за делата на нашите предци, рече Путин.
Според него, со гласање за измените на Уставот, граѓаните ќе ги зајакнат тие вредности и принципи како највисоки уставни гаранции.
Од 25 јуни до 1 јули во Русија се одржува референдум за уставни измени, а причина за неколкудневното гласање е обид да се спречат групирања на избирачките места поради епидемијата на коронавирус.
Институтот Втсиом вчера објави дека 76 проценти од анкетираните Руси рекле дека ги поддржуваат измените што ги предложи рускиот претседател, додека 23,6 проценти се против. Анкетата била спроведена од 25 до 28 јуни и опфати 163.000 луѓе. Околу 70,6 проценти од испитаниците се согласиле да одговорат.
Со реформата предложена од Путин, би му се овозможило да остане на функцијата претседател уште два мандата, односно до 2036 година, кога ќе има 84 година. Според законот кој сега е во сила, Путин треба да се повлече од функцијата во 2024 година. Освен мандатот, со уставната реформа тој ќе добие зголемени ингеренции за именување или разрешување судии.
Руската опозиција предупреди дека станува збор за „фарса“, која треба на Путин да му овозможи доживотен мандат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното