Путин го потпиша указот за признавање на независноста на сепаратистичките региони во Украина
На крајот од говорот, тој рече дека Русија ги признава проруските сепаратистички региони како независни држави, додавајќи дека тоа требало да се направи порано. На крајот, Путин пред камерите потпиша одлука за признавање на Доњецк и Луганск како независни држави.
– Сигурен сум дека ќе ја имам поддршката од рускиот народ за оваа одлука. Ви благодарам, заклучи Путин.
Во 40-минутното обраќање, Путин зборуваше за историјата, при што ја опиша Украина како држава создадена од Русија под власта на комунистичкиот лидер Владимир Ленин.
– Модерна Украина е создадена од Русија, болшевичка Русија. Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде, рече Путин во ТВ-обраќањето. Тој го критикуваше поранешниот комунистички лидер Ленин, нарекувајќи го „автор и архитект“ на Украина. Путин вели дека со тоа ја „обесправил“ Русија.
Тој истакна статуите на Ленин биле уништени во Украина како знак на „декомунизација“, мислејќи на рушењето на комунистичките споменици од независноста. – Подготвени сме да и покажеме на Украина што е вистинска декомунизација, рече тој.
– Украина, продолжи Путин, никогаш немала „вистинска државност“, туку повеќе копираше модели за да создаде национална држава. Националистите и радикалите кои ја доведоа земјата во ќорсокак, сега ги влечат потезите под контрола на Западот, тврди тој. Корупцијата и борбите за моќ меѓу олигарсите го спречуваа населението на поранешната советска република да си го подобри животот, оцени рускиот претседател.
– НАТО и САД ја претворија Украина во воена зона, рече Путин. – Пристапувањето на Украина во НАТО би било директна закана за безбедноста на Русија. Во последните месеци во Украина беа испратени големи количини западно оружје, тврди тој. Доколку Украина се здобие со оружје за масовно уништување, глобалната ситуација драстично ќе се промени, не можеме да го игнорираме тоа, рече Путин, додавајќи дека „Украина планира да се стекне со нуклеарно оружје“.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
