Путин и неговата партија со максимален рејтинг на почетокот на годината
Поддршката на активностите на рускиот претседател Владимир Путин и рејтингот на неговата партија „Единствена Русија“ го достигнаа на крајот на минатиот месец максимумот од почетокот на годината, соопшти Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ), јави ТАСС.
Во последната седмица од февруари, рејтингот на довербата кон Путин достигнал 52,6 отсто, во однос на 51,1 процент една недела претходно. Следните политичари во тоа рејтинг листа се министерот за одбрана Сергеј Шојгу (21,2 отсто) и премиерот Дмитриј Медведев (18,4 отсто).
Уште повисок е показателот за одобрување на активностите на претседателот Путин. Кон крајот на февруари тој достигнал 86,1 проценти. Истиот показател за Медведев е 60,7 отсто.
Рејтингот на „Единствена Русија“, по падот на почетокот на февруари (до 48,7 отсто) повторно се зголеми и достигна 51,1 процент до крајот на месецот. На второ место е руската Либерално-демократска партија, на ултранационалистото Владимир Жириновски, со 12,5 отсто, а на трето место е Комунистичката партија со 9,4 проценти.
Ново на Сител
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје