-->
-->
Путин испрати остра порака по американската одлука за Голанските висорамнини: Тоа е кршење на резолуцијата на ОН
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека одлуката на САД да ги признае Голанските висорамнини како територија на Израел е прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации."Што се однесува до признавањето на Голанските висорамнини како дел од израелската територија, го знаете ставот на Русија во врска со ова", рече Путин по разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави ТАС.
За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша документот за признавање на суверенитетот на Израел врз Голанските висорамнини на 25 март, во присуство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Спутник.
Трамп неколку дена порано предложи дека Голанските височини треба да се признаат како територија на Израел.
ЕУ не го поддржа ставот на Белата куќа, а потпаролот на Министерството на надворешни работи на Рсуија Марија Захарова за евентуалната промена на статусот на Голанските висорамнини во Советот за безбедност на обединетите нации го нарече ова директно нарушување на одлуката на ОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
