Путин ја повика СЗО да ја забрза масовната вакцинација против Ковид-19

На состанокот со лидерите на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), рускиот претседател Владимир Путин ја повика Светската здравствена организација да ја забрза масовната вакцинација против Ковид-19.
– Со наша помош, Светската здравствена организација би можела да биде уште поактивна во масовната имунизација на населението, бидејќи, за жал, многу земји сè уште немаат пристап до вакцини против коронавирусот, истакна Путин..
Претседателот на Русија го повтори својот предлог за взаемно признавање на вакцините и сертификатите за имунизација.
– Неодамна, на самитот на Г-20, Русија им предложи на своите партнери во најкраток рок да го решат прашањето за взаемно признавање на националните вакцини и сертификати. Убеден сум дека колку побрзо тоа се случи, толку полесно ќе биде целосно да се ревитализира глобалниот туризам и бизнис, додаде Путин.
Ново на Сител
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
-

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање - миење заби, раце и храна со флаширана
-

Приведени тројца по претреси во скопскиот регион, пронајдени дрога, пиштол и куршуми
-

Обвинителство: Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод
-

Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија, новите напади врз Иран се казна за Револуционерната гарда
-

Киев повторно под жесток удар на руски балистички ракети, има загинати и повредени
-

Макрон му се заблагодари на Дешан за неговата работа со француската репрезентација
