Путин: Како и во 1945-та, победата ќе биде наша
![]()
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата во пресрет на Денот на победата над нацизмот кој Русија го одбележува на 9-ти мај, порача дека „како и во 1945 година, победата ќе биде наша“, редејќи споредби меѓу настаните од Втората светска војна и судирите во Украина.
„Денеска нашите војници, како и нивните предци, се борат раме до раме за ослободувањето на својата татковина од нацистичката валканица, убедени дека како и во 1945-та победата ќе биде наша“, изјави Путин во пораката упатена во неделата на жителите на земјите од поранешниот советски блок.
„Денес заедничка должност ни е да го спречиме оживувањето на нацизмот, кој нанесе толку многу патење на народните на разни земји. Неопходно е да се зачува и пренесе на потомците вистината за настаните од воените години, заедничките духовни вредности и традициите на братското пријателство“, додаде рускиот претседател изразувајќи желба „новите генерации да бидат достојни на сеќавањето на своите татковци и дедовци“.
Путин, покрај војниците, ги спомена и цивилитге кои во Големата татковинска војна, како што во Русија се нарекува Втората свеска војна, дејствувале однатре „а го скршја нацизмот“ без оглед на безбројните медиуми.
„За жал, денес нацизмот повторно се издигнува. Нашата света должност е да се спречи идеолошките наследници на поразените во Големата татковинска војна да се одмаздат“, рече рускиот претседател обраќајќи им се на ветераните од Втората светска војна и на Украинците.
Путин на сите жители на Украина им посака „мирна и праведна иднина“.
Пред почетокот на борбените дејствија во Украина, како што Москва ги нарекува „специјална воена операција“, Путин во тогашната констелација на теренот со приближувањето на НАТО на руските граници и подготовките за воени дејствија во прорускиот источен укрински регион Донбас, посочи дека Русија не сака да ги повтори грешките на советското раководство пред Втората светска војна.
„Обидот да се смири агресорот во предвечерта на Големата татковинска војна се покажа како грешка којашто скапо го чинеше нашиот народ“, рече тогаш Путин потсетувајќи дека во првите месеци од војната тогашниот СССР загубил „огромни, стратешки важни теротири и милиони луѓе“ и истакна дека земјата „нема право уште еднаш да ги повтори таквите грешки“.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
