Свет
21. April 2022 - 19:34

Путин нареди блокада на Азостал, Украина очекува дозвола за евакуација

Наместо напад, блокада. Рускиот претседател Владимир Путин го смени планот за упад во фабриката „Азовстал“ во Мариупол. На руските војници им наредил да ја блокираат челичарницата до тој степен „да не може ни мува да прелета“. На состанокот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, рече дека овој потег е подобар, затоа што непрактично било да се нападне големата индустриска зона каде има повеќе од 2000 украински војници од Азовската бригада, кои се претежно екстремни десничари.

- Предлагам, ова е случај кога мораме да размислуваме, односно секогаш да размислуваме, но уште повеќе во овој случај, за зачувување на животот и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба да се симнувате во овие катакомби и да ползите под земја низ овие индустриски капацитети. Блокирајте ја оваа индустриска област за да не може мува да прелетаИ додека војната во Украина продолжува, украинскиот претседател Володомир Зеленски излезе со нови обвинувања кон Русија. Во интервју за француската телевизија БФМТВ руската блокада на илјадници цивили во Мариупол ја спореди со терористичка операција.

Силите на Руската Федерација не ни дозволуваат да поминеме низ окупираните 120 километри за да стигнеме до Мариупол. Преговараме и отвораме хуманитарни коридори и некои луѓе успеваат да избегаат. Но, илјадници жители на Мариупол се уште се блокирани, а Русија не им дозволува да одиме безбедно. Во Мариупол блокирани се жители, деца, стари лица и ветерани. Oва веќе не е војна, туку терористичка операција на Русија против Мариупол и жителите на тој град.

Освен 2000 војници, во фабриката за челик се кријат и околу 1000 цивили, кои деновите ги минуваат во тешки услови. Откако Украина постигна прелиминарен договор со Русија за хуманитарен коридор, десетици цивили веќе го напуштиле градот.  И додека руските сили се обидуваат да го заземат источниот регион Домбас, генералниот секретар на обединети нации Антонио Гутереш, од украинскиот и рускиот претседател побара да го примат за да  разговараат за чекорите за постигнување мир.

Инаку, ЕУ подготвува нов пакет економски санкции за Русија кој треба да биде објавен следната недела.