Путин: Постигнат е договор за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот во Сирија, чии гаранти ќе бидат Русија и Турција.
- Пред неколку часа пристигнаа вести дека развојот на настаните се одвива во правецот што го посакувавме. Потпишани се три документи. Договор меѓу сириската Влада и вооружената опозиција е првиот. Пакет мерки за конрола на прекинот на огнот е вториот. Третиот е декларација за подготвеност да се пристапи кон мировни преговори, изјави Путин на состанокот со министрите за надворешни работи и одбрана на Русија, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу.
Како што јави ТАСС, според Путин, со овие договорти и властите во Дамаск и бунтовниците искажале подготвеност за отпочнување на преговори за ставање крај на конфрликт во Сирија.
Путин додаде и дека постигнатите договори се многу кревки, па затоа се потребни внимателност и трпение.
По состанокот министерот Шојгу соопшти дека прекинот на огнот во Сирија ќе стапи во сила на полноќ на 30 декември.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу уште вчера соопшти дека владини претставници на Русија и Москва постигнале согласност за содржината на два договори за Сирија, но не обелодени повеќе детали.
- Едниот од нив се однесува на политичко решение на сирискиот конфликт, а другиот за прекин на огнот. Договорите можат да стапат во сила во секој момент, нагласи турскиот министер.
Тој потврди дека Анкара сака траен прекин на огнот во цела Сирија и политичка транзиција преку преговори. Чавушоглу исто така потецира дека мир во земјата, што би вклучувало и останување на Асад на власт, е невозможен, бидејќи опозицијата тоа не може да го прифати.
Од друга страна, меѓутоа Москва е на ставот дека Асад треба да биде дел од процесот на транзиција во Сирија.
Турските медиуми јавија дека планот за сеопфатно примирје во Сирија, треба да важи за сите региони во земјата каде што се водат борби меѓу владините сили и групите на вооружената опозиција, но не и за судирите со „терористичките организации“, како групата Исламска држава.
Ново на Сител
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
