Путин: Русија постигна конкретни резултати во напорите за ослободување на заложниците
Рускиот претседател Владимир Путин им соопшти на лидерите на еврејската заедница во Русија дека Москва „постигнала конкретни резултати“ во дипломатските напори за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, пренесува Тајмс оф Израел.
На средбата со рускиот главен рабин Берл Лазар и претседателот на Федерацијата на еврејските заедници, Александар Борода, Путин изјави дека Русија ги искористила своите контакти со политичкото крило на Хамас.
„Откако ситуацијата стана понапната на Блискиот Исток, Русија прави се за да им помогне на луѓето кои станаа заложници.
Како што е познато, нашето Министерство за надворешни работи работеше преку политичкото крило на Хамас и, гнерално, имаше конкретни резултати“, рече Путин.
Рускиот претседател истакна дека Москва се обидела да им помогне и на оние кои не се руски државјани.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен