Путин: Сиријците не бегаат од режимот на Асад, туку од ИД
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговиот сириски колега Башар Асад е подготвен да организира вонредни парламентарни избори и да и дозволи на една „корисна опозиција“ да учествува во управувањето на земјата.
- Постои заедничко разбирање дека обединувањето на силите во борба против тероризмот треба да се движи паралелно со развојот на некаков политички процес во Сирија, истакна Путин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток.
Според него, „Асад се согласува со спроведување вонредни парламентарни избори, како и со воспоставување контакти со т.н. „здрава опозиција“ и нејзино учество во управување со земјата“.
- Тоа е пред се сириско внатрешно прашање. Ние ништо не наложуваме, но се обидуваме да го зајакнеме тој внатрешен сириски дијалог, нагласи рускиот претседател.
Путин истакна дека Сиријците не бегаат од режимот на Асад, туку најмногу од терористичката група Исламска држава, која контролира големи територии во Сирија и Ирак.
- Ние сфаќаме дека се потребни политички промени и работиме со нашите партнери во Сирија, нагласи Путин.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра