Путин со прва изјава за судирот во Нагорно-Карабах и програмата на Бајден
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека забележал остра антируска реторика кај американскиот демократски кандидат за претседател Џо Бајден, но дека е охрабрен од неговите изјави за контрола на оружјето.
„Што се однесува до претседателскиот кандидат на Демократската партија (…), ние исто така сме сведоци на прилично остра антируска реторика. За жал, навикнати сме на тоа“, изјави Путин на државната телевизија.
Од друга страна, посочува тој, Бајден дава охрабрувачки изјави за Новиот СТАРТ, последниот значаен договор за нуклеарно оружје меѓу Русија и Соединетите држави, кој истекува во февруари.
„Бајден јавно рече дека е подготвен да го продолжи Новиот СТАРТ или за нов договор со кој би се ограничило стратешкото оружје, а тоа е многу сериозен елемент од нашата соработка во иднина“, рече Путин.
Москва и Вашингтон досега не успеаја да постигнат согласност за нов договор или да го продолжат постојниот, иако претставникот на претседателот Доналд Трамп за контрола на оружјето во вторникот изјави дека е постигнат важен напредок во билатералните разговори.
Во интервју објавено по повод неговиот 68. роденден, Путин се осврна и на ситуацијата во Киргистан и конфликтот околу Нагорно-Карабах.
Тој изрази надеж за мирно решавање на политичката криза во Киргистан, откако во вторникот беа поништени резултатите од парламентарните избори, а премиерот и претседателот на парламентот поднесоа оставки.
„Се надеваме дека сè ќе се реши по мирен пат. Се надеваме дека ќе се воспостави нормален демократски политички процес што е можно поскоро“.
Тој исто така ги повика Ерменците и Азербејџанците да престанат со трагедијата во Нагорно-Карабах, што е негова прва изјава за овој конфликт.
„Тоа е огромна трагедија. Луѓето умираат, има големи загуби од обете страни. Се надеваме дека овој конфликт ќе престане што е можно побрзо“, рече рускиот претседател.
Ново на Сител
-

Трамп објави дека „е можен“ мировен договор со Иран
-

Средношколци и пратеници во Собранието ќе дебатираат за дезинформациите, социјалните мрежи и влијанието на вештачката интелигенција
-

Министерот Мисајловски ќе информира за покачувањето на платите во Армијата и одбраната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
