Путин за турското раководство: Ништо не е вечно
Русија нема намера да ги наруши односите со турскиот народ, порача рускиот претседател Владимир Путин, истовремено ставајќи до знаење дека врските меѓу Москва и Анкара нема да се подобрат се додека е на власт ова раководство во Турција.
- Сакам да повторам дека ние го сметаме турскиот народ за пријателски и не сакаме да ги нарушиме односите со него, ја пренесуваат медиумите изјавата на Путин од документарниот филм кој ќе биде прикажан утре на руската телевизија.
Според него, што се однесува до актуелното турско раководство „ништо не е вечно“.
Рускиот претседател, исто така, додаде дека Русија останува отворена и подготвена да развива економска и политичка соработка со Европа, како и заедничка борба против тероризмот и покрај санкциите воведени од ЕУ.
Путин истакна дека Москва би можела да работи со сите страни вклучени во решавање на судирите во Сирија, и со САД и со сирискиот претседател Башар Асад.
- Во врска со сириската криза сметаме дека дека можеме лесно да работиме и со претседателот Асад и со американската страна. Неодамна разговарав за тоа со американскиот претседател Барак Обама и со нашите пријатели од Саудиска Арабија и другите арапски држави, додаде шефот на руската држава.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра