Работел како програмер, а сега за секс наплаќа по 1.500 евра од вечер, жените го обожуваат…

Програмер од Велика Британија одлучи да ја напушти својата работа во компјутерската индустрија и да му се посвети на новата окупација – секс со жени. Тие за тоа му плаќаат, па Шони Лав одлучи тоа да го искористи.
Верувале или не, тој е популарен жиголо во Велика Британија, а една ноќ со него чини 1.500 евра. Тој е премногу зафатен, иако цифрата која ја заработува преку ноќ е неверојатна, тој тврди дека без исклучок може да ја задоволи секоја жена.
Сè започнало сосема случајно откако имал секс со една работничка. Шони сакал да го збогати сексуалниот однос, а потоа следувале неколку авантури. Кога започнал да наплаќа за своите услуги, животот целосно му се променил.
На почетокот од својата кариера комбинирал проституција и програмирање, но после неколку години одлучил сосема да се откаже од канцеларискиот живот и да му се посвети на сексот за пари.
- Бев со жени кои никогаш во животот не доживеале оргазам и ги доведував до тоа. Сфатив дека тоа ми е вродено и сега тоа е мојот живот, вели Британецот.
Иако Шони не изгледа како просечен жиголо кој можеме да го погледнеме во филмовите, тој тврди дека тоа сепак е негова предност. Вели дека жените со него се чувствуваат сигурно и дека има неколку клиентки кои постојано му се враќаат.
извор: tocka.mk
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
