-->
-->
Работнички и по седмиот натпревар останува без пораз
-->
Кошаркарите на Работнички забележаа победа на гостувањето кај Гостивар со 78-76 во меч од седмото коло со што тимот од Градски парк ја продолжи серијата на победи во домашниот шампионат
Американецот, ГИНИЈАРД со 18 поени беше најефикаен во победничката екипа за која Крстевски постигна 15, а Ефремовски и Костов придодадоа по 12 поени.
На вчера одиграните натпревраи: ПЕЛИСТЕР - СТРУМИЦА 76 - 86 БЛОКОТЕХНА - АВ ОХРИД 92 - 78 КОЖУВ – КУМАНОВО 67 - 82 ШКУПИ - КАРПОШ СОКОЛИ 86 - 77.
Средбата ФЕНИ ИНДУСТРИ - МЗТ СКОПЈЕ А. е одложена поради настапот на Аеродромци во АБА лигата во која во овие моменти пред својата публика го играат дуелот од7.коло против Будуќност.
Во домашниот шампионат ќе следува пауза поради репрезентативните обврски.
Имено, утре (понеделник), селекторот Давитков ќе ја има првата прозивка на репрезентативците кои во среда на гости кај Словачка го почнуваат пред-квалификацискиот циклус за ЕП 2021, а во недела во Скопје ќе играат против Швајцарија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари