Фудбал
20. February 2016 - 17:28

Работнички со победа го започна пролетниот дел во ПМФЛ

Со натпреварот Работнички – Младост Ц.Д. кој заврши со победа на Романтичарите од 2-1 започна пролетниот дел во ПМФЛ.
 
„Романтичарите“ поведоа со голот на Алтипермаковски од пенал во 23-минута, а по само две минути игра во вториот дел Себастијан Херера со прекрасен гол зголеми на 2-0. По корнерот од десната страна гостите, преку Ардит Шакири во 71-минута намали на 2-1, но десет минути подоцна остана со играч помалку, откако црвен картон заработи Гроздановски, поради груб старт над Алтипрмаковски

.be

 

Останатите натпревари ќе се играат утре со почеток од 14 часот, а двојките се: 

Силекс - Брегалница 
Шкендија – Хоризонт Турново
Шкупи - Металург 
Вардар – Ренова

Табела: 
1.    Вардар 43 бодови,
2.    Шкендија 38,
3.    Работнички 27 (+1),
4.    Силекс 26, 
5.    Шкупи 24, 
6.    Ренова 20,
7.    Хоризонт Турново 20, 
8.    Брегалница 19, 
9.    Младост Ц.Д. 16 и 
10.    Металург 13.