-->
-->
Работнички убедлив против Тре Пене, а Пелистер повторно совладан од Лех
-->

Фудбалерите на Работнички ја минаа првата квалификациска рунда за Лига Европа, додека битолски Пелистер го заврши својот настап на европската сцена со нов пораз од Лех.
Затоа пак Работнички не дозволи изненадување во двомечот со Тре Пене од Сан Марино. Популарните „романтичари“ за разлика од првиот меч на гостински терен кога славеа со 1-0, денеска беа поубедливи. На средбата одиграна попладнево во Скопје, Работнички го победи Тре Пене со 6-0. Серијата на голови ја отвори Суад Сахити (28. минута), по што следуваа два на Бојан Најденов (43 и 59). Кире Маркоски (71) зголеми на 4-0, а за само две минути (82 и 83) Стојанче Велинов постигна два гола, поставувајќи ги конечните 6-0 за Работнички.
Фудбалерите на Пелистер по втор пат се совладани од полската екипа Леш Познањ. По убедливиот пораз во Познањ пред седум дена со 0-4, пелистерци попладнево загубија и во Струмица од Лех со 0-3. Головите за гостите од Полска ги постигнаа: Лукаш Тралка (39.минута), Дарко Јевтиќ (66) и Камил Јожвијак (77).
Потсетување дека претходно и тетовска Шкендија се пласира во второто коло, откако во двата меча беше подобра од молдавскиот претставник Дачија првиот во Струмица со 3-0, и денешниот во Кишињев со 4-0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
