Работници во украинска нуклеарна централа „рудареле“ криптовалути

Украинската безбедносна служба го истражува безбедносниот инцидент кој се случил во една нуклеарна електрана во оваа земја. Се истражува дали овој инцидент ја загрозил националната безбедност на Украина и им овозможил на напаѓачите евентуален пристап до интерните системи на нуклеарната централа „Јужноукраинска“ во јужниот дел на земјата.
Во рамки на истрагата е извршена рација во нуклеарната електрана, каде е пронајдена и запленета опрема која се користи за „рударење“ криптовалути.
Во просториите на електраната наменети за административниот персонал се откриени метални куќишта во кои се наоѓала класична компјутерска опрема заедно со дополнителни напојувања, кулери и графички картици, што укажува на намената на тие компјутери. Во едно од металните куќишта се пронајдени шест, а во друго пет AMD Radeon RX 470 графички картици.
Во воените бараки, каде се наоѓа војска која ја чува украинската нуклеарна централа, е пронајдена уште некоја дополнителна опрема за „рударење“ криптовалути. Неколкумина вработени во електраната се обвинети за учество во оваа активност, но засега никој не е уапсен.
Украинската безбедносна служба истражува дали при овие активности е користена мрежата на електраната и на тој начин евентуално е добиен пристап до интерни доверливи информации за структурата на нуклеарката и нејзината безбедност.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
