Радев: Бугарија е остров на стабилност во целиот балкански регион
Бугарија е стабилна држава, таа е остров на стабилност во целиот балкански регион, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во Берлин, каде се одржува Економски форум за Бугарија.
Тој осврнувајќи се на ситуацијата во Бугарија потенцира дека земјата има реален економски раст, инфлација околу нула, осум проценти невработеност и раст на извозот, јави БТА.
- За нас е важно да создадема добра бизнис клима, која ќе привлече инвестиции, посочи Радев, додавајќи дека позитивни фактори се ниските даночни стапки и желбата на Бугарија да си ја развиваат државата.
Тој призна дека има и некои недостатоци.
- Се уште не сме создале стабилен и транспарентен амбиент, во сите региони на Бугарија нема соодветна инфраструктура, има дефицит на квалификувана работна сила, но ние ја имаме патната карта и ги знаеме задачите, истакна Радев.
Тој додаде дека се надева оти Германија ќе продолжи да биде активна во инвестирањето во Бугарија.
- Добрите бизнис односи меѓу двете држави се мост, по кој поминуваат добрите односи во науката, образованието, културата и другите сфери на општествено-политичкиот живот.
Ново на Сител
-
Во трагедијата во Кочани животот го загуби и младиот кошаркар Петар Ивановски
-
Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
-
Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА
-
Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“
-
Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство
-
ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани
-
Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
-
Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!